Македонија и БиХ најмалку задолжени земји на Балканот

25

6394malaСпоред податоците од анализата направена од Агенцијата Анадолија, Македонија и БиХ имаат најмал јавен долг од земјите во регионот.

Јавниот долг на Македонија во јуни оваа година достигнал 2,72 милијарди евра, или 34,1% од БДП, од кои само надворешниот долг изнесува 1,66, а домашниот 1,05 милјарди евра. Во моментов секој граѓанин во Македонија должи 750 евра.

Босна и Херцеговина според податоците на Министерството за финансии и трезор, на крајот на минатата година имала јавен долг од 3,63 милијарди евра или 34% од БДП.

Како што покажуваат податоците Србија е најзадолжена земја во регионот, според процентот на јавен долг во однос на вкупниот бруто домашен производ, а по неа следи Хрватска.

Во јули 2013 Србија го зголемила долгот за 173,5 милиони евра и сега изнесува 19,08 милијарди, што значи 57,7% од бруто домашниот производ. Секој граѓанин на Србија на крајот на 2011 година бил должен 818 евра или 2,2 просечни плати, а во септември минатата година тој долг пораснал до 1.225 евра по разни основи, што изнесува 3,5 просечни плати.

Јавниот долг на Хрватска кон крајот на март годинава достигнал 24,2 милијарди евра или 53,6% од БДП.

На европско ниво, според податоците на Евростат, јавниот долг на еврозоната во првото тримесечие скокнал на 92,2% од БДП, од 90,6% од претходниот квартал.

Моментално има пет земји чиј однос на долгот во однос на БДП е поголем од 100%, од кои прва е Грција, чиј долг е 160%. Потоа следува Италија со долг од 130,3%, Португалија со 127,2%, Ирска со 125,1% и Белгија со 104,5% од БДП.