Македонија има квалитетен ИТ кадар, но не е доволно мотивиран

114
al-int1
Бранислав Бајловски, основач на Ever Near во Македонија

Крајни корисници на софтверски решенија на кои работиме и за кои нудиме корисничка поддршка се познати светски ТВ куќи како MTV, Фокс, Ал Џaзира… Ал Џaзира влезе на Балканот во оној момент кога се создаде можност за локална поддршка од Скопје. Имаме и други крајни корисници кои се од областа на енергетиката и ERP системи. Ever Near во Македонија ја донесе Microsoft Dynamics Axapta технолошката платформа, како најконкурентна за развој на големи бизнис системи.

БИ: Ever Near е ИТ компанија која нуди широк ранг на offshore / nearshore outsource услуги и проекти. Што точно значи тоа?

20Ever Near пред се е европски бренд, основан во Белгија. Во Македонија е основан во 2008 година, со цел да се донесе еден друг концепт на нудење на услуги од областа на ИТ. Кога зборуваме за ИТ услуги, не се мисли само на развој на софтвер, туку и далечинска администрација на големи компјутерски системи, како и корисничка поддршка за истите. Концептот што ние го нудиме е nearshore, што е посебна варијанта на offshore. Offshore е малку подалечен концепт од класичниот оutsource, затоа што класичниот outsource подразбира дека комплетно и веруваш на компанијата којашто ти ја нуди услугата. Знаеш дека се експерти, им го доставуваш барањето и чекаш да ти го испорачаат решението. Со oфшорот не е така. Некогаш ни е страв интелектуалната сопственост да ја изнесеме надвор, а некогаш постои страв дека офшор центарот нема да знае како да ги изработи или испорача решенијата, нарачателот директно се вмешува во работата на центарот. Во некои моменти потребно е делегирање на задачите дури и на микро ниво, со детали како тие да се спроведат, а притоа интелектуалната сопственост, како и знаењето за бизнис процесите, загарантирано да останат кај нарачателот на офшор услугите. Може да се каже дека на некој начин се рентаат ресурси на друга компанија. Нашиот концепт е нешто поблизок од класичниот офшор. Тоа е варијанта на офшор која што се вика nearshore. Оној на кој ќе му ја понудиме услугата, мора да има некаква близина, некаква допирна рамнина по која практично ќе може да се најдеме во соработката. Nearshorе е испробан концепт низ Европа, каде се покажало дека близината во nearshorе не е ништо повеќе туку географската близина и јазикот. Факт е дека во Македонија одлично се владее англискиот јазик, па практично говорната бариера е фиктивна. Ретко која компанија во Македонија свесно работи по концептот на nearshore. Некои свесно го прават тоа, ама не му придаваат многу значење. Ever Near почива на концептите на nearshore услугите. Ние веруваме во растечките економии на нашите клиенти и со наш придонес веруваме дека ќе помогнеме тие да продолжат да растат. Во таа насока, последните две години создадовме и тим за корисничка поддршка на нашите клиенти кој работи 24/7.

11

БИ: Какви барања имате од клиентите, што испорачувате?

Авторски софтвер немаме. Наш продукт немаме. Ние не го создаваме продуктот од нула. Ние го нудиме самиот процес на програмирање. Да ни дојде компанија која ќе бара да го изработиме нејзиниот продукт, на пример софтвер за потрошувачка на електрична енергија, тогаш ние ќе најдеме најкомпетентни лица да го изработат и ќе му гарантираме на клиентот дека по испораката на софтверот кон крајните корисници ќе бидат среќни. Зошто? Затоа што Македонија има квалитетен ИТ кадар. Иако ИТ кадарот по образовниот процес не е целосно оформен, во Македонија не претставува скап процес да се обликува истиот до вистински експерти. Тоа претставува вистинската компетитивна предност, па и можност за создавање на експерти за несекојдневни технологии. Затоа и барањата на клиентите на кои ние реагираме се тие несекојдневни технологии кои со употребуваат во големи бизнис системи.

БИ: Имате ли проблем со наоѓање на ИТ кадар, со оглед на тоа дека се повеќе програмери се одлучуваат да ја напуштат Македонија?

02ИТ кадарот е еден од најодлеаниот кадар од земјава. Ние како компанија со сиот елан се бориме против таа навика така што соработуваме со универзитети, учествуваме на саеми, мотивираме со награди на натпревари или ентузијастички организирани настани, константно функционираме на програма за практиканти и ред други активности, се со цел да ги задржиме младите луѓе да станат вистински експерти во Македонија. Сепак не сме доволно моќни за сами да ја издејствуваме победата. Како што нема држава без млада генерација, нема држава ниту без сениорска генерација. За среќа процесот на обликување на кадарот во Македонија не е воопшто скап, па пазарот на трудот постојано се обновува. Најмногу се истакнува проблемот со мотивација на експертите. Истите по одреден период добиваат чувство дека она што им е на понуда како технологија во Македонија е доста ограничено. Ever Near постојано носи нови и за домашни услови недостапни технологии, со кои секој вработен може да располага.

01

БИ: Колку луѓе имате во тимот?

Ever Near моментално брои 50 вработени. Оваа бројка постојано варира за еден или двајца. Водени од идејата за нудење на квалитетни услуги кон клиентите, се трудиме да постигнеме максимална стабилност на тимовите кои ги испорачуваат услугите. Минатата година за жал имавме turn over на вработени кои си заминаа по нивна желба, а причина за тоа можеби, покрај одливот е фактот дека се повеќе и повеќе компании за развој на софтвер се отвараат во Mакедонија.

БИ: Тоа е добро или лошо?

Во тоа има и добро и лошо. Многу почнуваат со фриленсинг и на краток рок ги крадат убавите проекти. Не можат никогаш да имаат повеќе од два – три клиенти истовремено. Има случаи кога се здружуваат фриленсери, па регистрираат друштво, меѓутоа тогаш се појавува прашањето на менаџментот, што е со споделувањето на одговорностите? Лоша работа е тоа што младите што работеле како фриленсери не стекнуваат корпоративна култура. Не знаат што значи да седнеш во канцеларија со колега, што е тимска работа, што значи да стоиш зад своите рокови како тим, што значи да се гледа големата слика, што значи да се работи на големо бизнис решение, да се застане зад брендот. Добрата работа е тоа што ни помагаат во едукацијата на кадарот, поточно во обновувањето на пазарот на трудот. Доколку се навистина прогресивни, ќе прераснат во друштва кои ќе се соочат со исти проблеми со кои се соочуваат и другите, па ќе помогнат во градењето на околината за да се отстрануваат проблемите. Ќе прераснат во здрава конкуренција. Факт е дека ниту еден што работел корпоративно не преминал целосно во фриленсер, додека обратни случаи има многу.

19

БИ: Кои се крајните корисници на вашите софтверски решенија?

Крајни корисници на софтверски решенија на кои работиме и за кои нудиме корисничка поддршка се познати светски ТВ куќи како MTV, Фокс, Ал Џaзира… Ал Џaзира влезе на Балканот во оној момент кога се создаде можност за локална поддршка од Скопје. Имаме и други крајни корисници кои се од областа на енергетиката и ERP системи. Ever Near во Македонија ја донесе Microsoft Dynamics Axapta технолошката платформа, како најконкурентна за развој на големи бизнис системи, па сме ставени на картата и функционираме како испорачатели на усуги од таа технологија.

БИ: Какви се вашите планови за развој?

На краток рок сме во забрзан процес на развој кон Azure технологијата, како и кон мобилната технологија и моментално се трудиме да се стабилизираме на тие пазари.

21

1408

22