Македонија издаде еврообврзница на износ од 500 милиони евра

25

Република Македонија на меѓународниот пазар на капитал вчера издаде еврообврзница на износ од 500 милиони евра со рок на достасување од седум години, односно јули 2021 година, соопшти Министертвото за финансии.

“Побарувачката од инвеститорите за македонската обврзница беше во износ од 1.160 милиони евра, односно двојно повисока од понудата. Тоа овозможи да се постигне стапка на принос од 4,25%, односно каматна стапка од 3,975% на годишно ниво. Тоа е историски најниска каматна стапка по која Македонија има издадено обврзница на меѓународниот пазар на капитал“, стои во соопштението.