Македонија на дното, Германија и Франција – најбогати држави во ЕУ

22

mnogu-pariФото: Pexels

Членките на Европската Унија, Германија и Франција се државите со најголем профит во ЕУ, покажува најновото истражување на historynutshell.com.

Според податоците, во 2017 година, Германија остварила приходи од 1.598 милијарди долари, Франција – 1.334, Велика Британија 984,4. Меѓу највисоко рангираните се најдоа и Италија и Шпанија.

И покрај тоа што важи за една од државите со најдобра економска благосостојба, Шведска се најде подолу на листата зашто лани остварила профит од само 274 милијарди.

Истражувањето уште еднаш потврди дека земјите од Балканот се меѓу оние со најниски примања. Македонија е една од најслабо рангираните држави со заработка од 3,31 милијарди долари во 2017 година. Послабо пласирани се Косово со 1,39 милијарди долари и Црна Гора со 1,62 милијарди долари.

Повисоко од нас се рангирале Србија со 16,25 милијарди и Хрватска остварувајќи профит од 25,79 милијарди долари.