Македонија на Саемот за туризам во Брисел

27

Македонија успешно ги претстави своите туристички потенцијали на Саемот за туризам во Брисел, Белгија, кој се одржува од 6-10 Февруари, 2014 година, соопшти Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Македонскиот штанд го посетиле амбасадорот на Република Македонија во Белгија, Лазар Еленовски и економскиот промотор за Белгија, Крешник Бектеши, а биле остварени и средби со повеќе тур-оператори и новинари кои се заинтересирани за инфо тури во Македонија, соопштуваат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) од каде истакнуваат дека се надеваат и на понатамошна успешната соработка со JetAir, како и нејзино интензивирање во следните години.

“Постојаната и фокусирана промоција на Македонија како атрактивна туристичка дестинација на Белгискиот пазар претставува сериозна активност во доближувањето на природните, културните, традиционалните и историските вредности на Македонија, а со тоа и привлекување на потенцијални туристи од Белгија. Активности кои се преземаат и упорната работа на тимот во Агенцијата за промоција и поддршка на туризам, како и владините мерки ќе дадат резултати во зголемување на бројот на странски туристи”, изјави претставникот од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Никола Ѓошев.

Од средината на оваа недела започнуваат саемите за претставување на туристичките потенцијали во Софија и Милано на кои Македонија ќе се претстави со нови прмотивни материјали и нов изложбен простор, истакнуваат од АППТ.