Македонија на Си-Ен-Ен: Сè уште постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна, одлично вино и без туристички гужви

Македонија е земја која сè уште го чува својот автентичен шарм, далеку од масовниот туризам што ја преплавува поголемиот дел од Јужна Европа. Со само два милиони жители и спектакуларен планински пејзаж кој го опфаќа целиот спектар на годишни времиња, оваа мала балканска нација нуди исклучително богатство на природни убавини и културни традиции. Од зелените падини до снежните врвови, од историските влијанија на Византија, Отоманското Царство и Југославија до топлата, искрена гостопримливост на локалното население,  Македонија е место каде авантуристите можат да ја почувствуваат вистинската душа на Балканот – далеку од туристичките гужви и брзата современа динамика е описот во репортажата за Македонија која ја објави Си-ен -ен. 

Земјата со два милиони жители, што е малку поголема од Вермонт, сè уште не ги доживеала толпите туристи што го задушуваат поголемиот дел од Јужна Европа секое лето. Оние кои се вклучени во туристичката индустрија се претпазливи во привлекувањето на таков вид масовен туризам, што би можело негативно да влијае на квалитетот на животот на жителите. Но, тие знаат дека земјата има многу да понуди и дека туристичкиот сектор сè уште има простор за раст, објави Си -ен -ен.

Опкружена со гребени и врвови кои нудат пејзажи што го опфаќаат целиот спектар на четири годишни времиња – од електрично зелени падини до снежни карпи -Македонија нуди една од последните шанси на Јужна Европа да го избере помалку патуваниот пат.

Порано позната како Македонија по прогласувањето на независноста од Југославија во 1991 година, Македонија е недоволно истражен дел од Балканот чија слоевита историја, од византиската и османлиската до југословенската ера, се комбинира со нејзините сеприсутни планини за да создаде збир на регионални култури со цврста посветеност на традицијата и топло, срдечно гостопримство, опишува Си -ен -ен.