Mакедонија нема да го ограничува увозот на брашно од Србија

44

brasno_060910Владата на Република Македонија во иднина нема да донесува уредби со кои ќе биде ограничен или забранет увозот на брашно од Србија. Ова вчера го изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски во разговор со српскиот министер за внатрешна и наворешна трговија и телекомуникации, Расим Љајиќ, јавува Танјуг.

Како што се вели во соопштението на министертвото за внатрешна и наворешна трговија и телекомуникации, Љајиќ и Димовски изразиле подготвеност во случај на евентуални проблеми во снабдувањето на пазарите во Србија и Македонија, претходно да се консултираат пред да донесат било какви рестриктивни мерки.

“На тој начин ќе се избегне нарушувањето на принципот на слободна размена на стоки и услуги на пазарите на двете земји, како и кршење на начелата на договорот CEFTA”, стои во соопштението.

Министрите на состанокот меѓу другото разговарале и за можноста за проширување на економската соработка на двете земји, како и за потенцијалите за зголемување на обемот на размената на стоки, пренесува Танјуг.