Македонија од извозник стана увозник на храна: Македонските ниви празни, a пазарите – полни со странска храна

Јадеме домати, пиперки, краставици и друг зеленчук од Албанија, Грција, Турција…, а на нашите ниви растата трње и плевел. Земјоделците не се оптимисти дека производството на храна во државата може да се зголеми и да се врати на нивото од пред 30 години кога имавме и за нас и за извоз. Сега на пазарите и во маркетите ретко може да се најдат домашни производи, а државата годишно троши над една милијарда евра за увоз на храна. Падот во производството на домашна храна е драстичен и Македонија од земјоделска земја извозник на храна се претвори во земја која троши милијарди евра на увоз на храна.

Дека е дојдено време работите да се менуваат покажуваат и официјалните статистички податоци. Ако во 2003 година за увоз на храна сме трошеле по 298 милиони долари за десет години пораснал на 752 милиони долари за во 2023 да го надмине прагот од милјарда евра годшно за увоз на храна. Но дополнителен проблем кој покажува дека ни опаѓа домашнто производствот е трговскиот дефицит во секторот храна е големата разлика помеѓу извозот и увозот. Па така од 84 милиони долари негативен трговски дефицит за дваесет години сме дојдени до половина милјарда долари трговски дефицит.

Земјоделците укажваат дека секоја година се помалку произведуваат храна, бројот на работна сила се намалува, а нивите никој не ги обработува.

-И ние бараме од Владата парите кои се даваат за увоз на храна да се дадат на земјоделците за да го зголемат производството. Но состојбата на терен е поинаква. Немаме работна сила, се увезуваат големи количини земјоделски производи со тоа цената на домашното производство паѓа, а и климатските промени си го прават своето. Голем дел од земјоделците кои неможат да се борат со децениските проблеми во земјоделството го напуштаат секторот. Така ние наместо поголемо имаме се помало производство на храна, изјави за „Локално“, Ристо Велков претседател на Сојузот на земјоделци од Струмица.

Тој не е оптимист дека производството на храна во државата ќе се врати на она ниво што го имаше порано кога не само нашиот, туку и цел југословенски пазар го снабдувавме со македонски земјоделски производи.

-Грешката е направена во 1996 година кога најплодното земјоделско земјиште од прва и втора категорија беше распределено за изградба на индустриски зони. И наместо да се отворат преработувачки капацитети се отворија други индустрии. Сега ние и да имаме вишок од некој производ немаме преработувачка индустрија и затоа сè повеќе увезуваме готова храна, појаснува Велков.

Целиот текст на Локално.мк