Македонија од утре во жолта фаза

19

sonce-3-pexels

Фото: Pexels

Македонија од утре ќе биде зафатена со температури кои ја дефинираат жолтата, односно алертна фаза.

Според најавата од Управата за хидрометеоролошки работи, утре и задутре ќе биде сончево и многу топло со температура до 38 степени и УВ индекс 9.

Од УХМР ги потсетуваат граѓаните да ги почитуваат општите препораки за населението во однос на заштита од директна сончева изложеност.

Треба да се избегнува подолг престој на отворено во периодот од 11 до 16 часот, да се носи лесна и светла облека, да се консумира лесна храна и течности, да се внимава на хигиената на рацете и начинот на подготовка на храната, а хронично болните лица редовно да ја земаат терапијата.