Македонија седма во светот со најниска даночна стапка

11

Република Македонија има најниска даночна стапка во светот, покажува извештајот Paying taxes 2015. Со стапка од 7,4% таа се најде на 7-то место од вкупно 189 земји опфатени во извештајот.

Оваа година, Република Македонија повторно го задржа првото место со понатамошно намалување на стапката од 8,2% на 7,4%, јавува Миа.

Времето потребно за плаќање даноци во Македонија изнесува 119 часа и е најкратко време во однос на земјите од регионот од Централна Азија и Источна Европа.

Во однос на бројот на плаќања од земјите од регионот од Централна Азија и Источна Европа, Македонија се наоѓа на шестото место.

Македонија ги намали своите плаќања на само седум во споредба со минатогодишните 29.

Во извештајот е укажано дека намалувањето се должи на задолижтелното плаќање на ДДВ преку електронскиот систем како и зголеменото користење на електронските системи за плаќање на данокот на добивка.