Македонија со 3% раст на БДП според ЕБОР

17

The EBRD's 2011 Annual Meeting in Astana, Kazakhstan, 20-21 May 2011 Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во најновиот извештај прогнозира раст на македонската економија за 3% во 2014 година, што е за 0,3% повеќе од минатата година.
Според извештајот на ЕБОР, единствено Косово има поголем раст од Македонија и тоа за 3,5%. Економијата на Црна Гора треба да порасне за 2%, на Босна и Херцеговина и Бугарија за 1,8%, Албанија за 1,7%, Србија за 1,3%, а додека пак на Хрватска за 1%. Просечниот раст на БДП, според проценките на ЕБОР, за Југоисточна Европа треба да изнесува 2,1%.
Закрепнувањето во регионите каде инвестира ЕБОР се очекува да биде бавно оваа година и покрај подобрувањето на состојбите во најразвиените економии, вклучувајќи ги и САД и еврозоната. Економистите од ЕБОР предвидоа раст од 2,7% за во 2014 година.
Во извештајот ЕБОР укажува и дека се намалува задолженоста, пред се во некои земји од Централна Европа и Балтикот и Југоисточна Европа, фактор што го одложува кредитниот пораст.
Во извештајот се нагласува зголемувањето на кредитирањето во локална валута во многу земји од Централна и Југоисточна Европа, како Унгарија, Полска, Македонија и Бугарија. Достапноста до кредити во странски валути во овие земји е погодена во процесот на намалување на степенот на задолженост, додека кредитите во локалната валута забележуваат умерен раст.