Македонија со најорганизиран штанд на саемот за туризам во Истанбул

20

Emitt_Logo-Fok-tr-eng

Македонија е добитник на наградата за најорганизиран штанд на саемот за туризам ЕМИТТ во Истанбул, Турција, еден од петте најголемите и најпосетени интернационални саеми за туризам во светот, јавува Миа.

Во Истанбул беше претставена природата, културата и отоманските споменици во Македонија, вклучувајќи ги и македонската традиција и туристичките посети на градовите.

На штандот на Република Македонија во Турција, ко – егзибитори беа македонските тур – оператори Бадемтур, Генерал Турист, Фибула, Балкантиме и Вардар Експрес, а штандот го посетија и македонскиот амбасадор во Турција Живко Муцунски, конзулот Синиша Иванковиќ, и економскиот промотор Филиз Вели.

Лани Македонија ја зема првата награда за пријателство на саемот за туризам ЕМИТТ во Истанбул, Турција.