Македонска берза со промена на дневни ценовни ограничувања

57

Одборот на директори на Македонска берза на седницата одржана на 16.03.2020 година ги анализираше последните пазарни движења и, согласно член 55 став 9 од Правилата за тргување, донесе одлука за промена на ценовните ограничувања при тргувањето (статички и динамички лимити) и тоа:

  • За хартиите од вредност кои се во режим на континуирано тргување статичките лимити изнесуваат +/-5% од официјалната просечна цена за хартијата од вредност на претходниот ден на тргување, а динамичките лимити изнесуваат +/-1,5% од моменталната референтна цена за хартијата од вредност;
  • За хартиите од вредност кои се во режим на аукциско тргување и имаат статички лимити, истите изнесуваат +/-10% од официјалната просечна цена за хартијата од вредност на претходниот ден на тргување, а динамичките лимити изнесуваат +/-1,5% од моменталната референтна цена за хартијата од вредност;
  • За хартиите од вредност кои се во режим на аукциско тргување и немаат статички лимити, истите продолжуваат да се тргуваат без статички лимити, а динамичките лимити изнесуваат +/-1,5% од моменталната референтна цена за хартијата од вредност.

Овие одлуки на Одборот на директори на Македонска берза ќе се применуваат од  17.03.2020 година.

Одборот на директори и во наредниот период ќе ги следи пазарните состојби на дневно ниво и ќе презема соодветни мерки во рамките на неговите овластувања, за кои јавноста ќе биде навремено известувана.