Министрите за информатичко општество и администрација и без ресор, Иво Ивановски и Веле Самак, денеска ќе го посетат кампусот на Google во Силиконската Долина.
Двајцата министри ќе ја посетат и компанијата за електрични автомобили Tesla Motors, а исто така ќе остварат средба и со еден од основачите на компанијата Mindtree.
Министерот Ивановски при неговиот престој во Бангалор, Индија, во јануари оваа година ги посети главните канцеларии на Mindtree и оствари средба со извршниот директор на оваа мултинационална компанија, која што има 12.000 вработени од ИТ областа.
Средбата во Силиконската Долина е резултат на интересот што Mindtree го изрази за бизнис поволностите што ги нуди Република Македонија.