Македонската иновација Термостоп ќе се извезува во неколку европски земји

151

termo-stop

Компанијата Металотехника од Прилеп создаде иновативен производ под името Термостоп, којшто е термоизолационен производ со висок квалитет. Металотехника го почнува сериското производство и првите договори за извоз во странство на Термостоп. Оваа иновација е поддржана од Фондот за иновации на Македонија, стои во соопштението.

Добиен по нанотехнологија, овој еколошки производ, овозможува заштеда најмалку 30% до 50% од потрошувачката на енергија во објектите каде се поставува, во период од најмалку 15 години, што е драгоцена заштеда за семејниот буџет, како и за буџетот на една компанија.

Се нанесува на метал, бетон, цигла и на скоро сите подлоги за подови, ѕидови, кровови, пароводи, топловоди, тополвоздух, канали за климатизација итн. Идеално за премачкување на резервоари за нафта и мазут. Се користи за фасадни ѕидови, но и за внатрешни ѕидови, како и за подови како основа пред нанесување подно греење.

Токму овие негови иновативни и функционални карактеристики беа одлична препорака за негово претставување на странските пазари и за првични преддоговори за испорака и официјално негово тестирање во земји како Италија, Украина ….

“Вложените пари во енергетска ефикасност се паметна инвестиција идентична на купувањето акции на берза или на инвестирањето во образование за своите деца. Вградувањето на Термостоп термоизолацијата на надворешните ѕидови може да доведе до заштедување и до 50% од енергијата што ја плаќаме. Еден до два милиметри дебелина на нанесен слој од оваа изолација заменува 50 – 70  милиметри од класична изолација. Може да се нанесува и во период, до температура не помала од +5 степени, за да не замрзнува производот бидејќи е на водена основа. За само неколку години по изведбата на новата термоизолација можете да си го повратите она што сте го платиле. Токму овие негови карактеристики се причина зошто има интерес за овој производ, кој со малку подобра надворешна промоција, може да биде вистински хит“, изјави Јандре Здравески, сопственик и директор на Металотехника Прилеп, компанија која оваа година слави јубилеј 30 години од своето работење.

Со оваа иновативна термо изолација се намалува ефектот на т.н. ладни ѕидови кои ја зголемуваат потрошувачката на енергија во домот, кога температурата на површината од надворешните ѕидови е значително пониска од онаа во просторијата, чија оптимална температура би требало да изнесува помеѓу 19 и 21 степени, што доведува до непријатно струење на воздухот околу ѕидот. Во летните месеци пак доаѓа до зголемување на потрошувачката на енергија која е потребна за ладење на објектите, токму поради невградената изолација на фасадата.

Со Термостоп ќе заборавите на потешкотии поврзани со површинската кондензација на водена пареа на ѕидовите, на појава на мувла на ѕидовите и други естетски проблеми, кои најчесто се обидуваме да ги решиме со едноставно премачкување со боја.