Македонски компании на два меѓународни бизнис настани во Турција во ноември

33

biznismeni-pixabay

Фото: Pixabay

Со поддршка на Министерството за економија на Република Турција, македонски компании ќе имаат можност да учествуваат на два големи, меѓународни бизнис настани во Турција што ќе се одржат на почетокот од ноември годинава, јавува Миа.

Станува збор за Match4Industry Business Matching Event во Коџаели, од втори до трети ноември и за т.н. Недела на извоз Export Week 2017 во Истанбул, од 31-ви октомври до втори ноември. Двата настана овозможуваат билатерални средби и остварување директни контакти со потенцијални партнери.

На Match4Industry Business Matching Event се очекуваат околу 350 излагачи и 40.000 посетители. Во организацијата на настанот, освен Трговско – индустриската комора на Коџаели и Европска претприемачка мрежа, се вклучени и многу други бизнис асоцијации од Европа, Турција и пошироко меѓу кои и Стопанската комора Македонија – Турција (МАТТО). Предвидена е посета на водечки автомобилски компании со што на учесниците ќе им се овозможи на лице место и од прва рака да се запознаат со деловната клима во индустриските зони на Коџаели.

Излагачи ќе бидат компании од автомобилската индустрија, металуршкиот сектор, хемиска индустрија, градежништво, енергетика, електроника, информатичко-комуникациска технологија, женско претприемништво,…

Export Week 2017 ќе биде на тема Извозниците без граници ги надминуваат технолошките, трговските и културните бариери преку извозот.