Македонски компании на прехранбен саем во Москва

54

saem-za-hrana-moskva-facebook

Фото: Facebook

Тринаесет македонски компании од денеска до 14-ти септември учествуваат на најголемиот прехранбен саем во југоисточна Европа Мир питание 2017 (World food 2017) во Москва, јавува Миа.

Учеството на македонските компании е во организација на Македонско – руската стопанска комора и со финансиска поддршка на ресорното Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија.

На националниот штанд од 110 метри квадратни ќе се претстават Агролозар од Хамзали и Евромак од  Струмица, Агро – калем од Неготино, Перминдекс од Градско, Румко 91 од Ресен, Кривогаштани промет, Европа од Штип и Конимекст, Бонвивер, Чеза Комерц, Гранд експорт, Кадино и Јуникс, сите од Скопје.

Покрај најголемите извозници на храна во Руската Федерација, на оваа саемска манифестација традиционално се присутни и експерти од областа на агрокомплексот, а се одржуваат и низа трибини, промоции и презентации, што го прави овој саем најголема берза за храна во овој дел на светот. World food 2017 привлекува огромна публика, трговци на големо и мало, дистрибутери и ресторани, а минатата година московскиот саем го посетиле повеќе од 70.000 луѓе.