Македонско-албански бизнис форум во Корча

22

Сојузот на стопански комори на Македонија, организира бизнис форум во рамките на тридневната посета на Корча, Албанија. Форумот е во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија и проектот Подобрување на бизнис соработката во прекуграничниот регион.
Од ССК соопштија дека ќе бидат организирани директни средби меѓу македонските и албанските компании со цел да се оствари директен контакт меѓу нив, кој подоцна може да им донесе успешна соработка.