Македонско – белгиски бизнис-форум во Брисел

30

Со цел привлекување на директни странски инвестиции во Република Македонија, владината делегација денес продолжува со бизнис-форум за трговија и инвестиции во Брисел.

На форумот Македонија ќе ја претставуваат заменик-претседателот на Владата и министер за финансии, Зоран Ставрески, министрите за привлекување на странски инвестиции Веле Самак и Бил Павлески, како и министерот без ресор Хади Незир.

Форумот, кој ќе се одржи во Дијамант салата на бизнис-центарот во Брисел, ќе го отвори првиот човек на компанијата за производство на автобуси Ван Хол, Филип ван Хол, чија компанија веќе инвестираше и започна со производство на автобуси во Република Македонија.

Заедно со владината делегација на форумот ќе присуствува и директорот на Агенцијата за привлекување на странски инвестиции Висар Фида.

Вицепремиерот Ставревски утре заедно со министерот Павлески и директорот на Инвест Македонија, Фида, ќе имаат и средба со делегацијата на белгиската компанија Унивег, а потоа ќе се сретнат и со министерот за економија на Кралството Белгија, Јохан Ваделоте.

На крајот, македонската делегација е предвидено да има вечера со градоначалникот на бриселската општина Сен Жост, Емир Кир и бизнис-форум со турската бизнис-заедница во Белгија.