Македонско кредитно биро – партнер во одржувањето на ликвидноста на компаниите и успешното менаџирање на финансиските ризици

66

1

МКБ е првото приватно и единствено кредитно биро во Република Македонија преку кое можете да дојдете до детални информации за долгувањата на вашите партнери, соработници и клиенти и да креирате безбедно деловно опкружување и сигурно чекорење низ процесот на деловното одлучување и унапредување на работењето.

МКБ управува со најголемата и најкомплексна база на податоци за обврските на правните и физичките лица во Република Македонија. Содржи податоци за околу 1.350.000 физички лица и 105.000 правни лица. Податоците се однесуваат на обврски по кредити, гаранции, акредитиви, заеми, платежни картички, финансиски лизинг, осигурување, обврски по основ на даноци, обврски за телекомуникациски услуги, обврски за услуги од областа на енергетиката, комунални давачки, такси, придонеси, како и обврски по основ на користење на други услуги.

На корисниците овие податоците им се ставаат на располагање во форма на извештаи кои содржат податоци за обврските на правните и физичките лица. Сопствениот извештај може да се добие во канцелариите на кредитното биро на адреса бул. Кузман Јосифовски Питу бр.1 (Комплекс банки) на V кат и онлајн со регистрација на интернет порталот МОЈ.МКБ.

За корисниците кои имаат потреба од користење на мал број на извештаи идеално решение е МКБ Импулс – ефикасна интернет платформа преку која можете да подигнете извештај и да доставувате податоци, односно да ги пријавувате  ненаплатените побарувања постари од 60 дена. МКБ.ИМПУЛС создава додадена вредност за Вашиот бизнис, овозможувајќи пристап до дневно ажурни податоци за задолженоста на фирмите и за редовноста/навиките во измирувањето на обврските на потенцијалните клиенти. Платформата е едноставна за користење, а покрај добивање  на извештај, корисникот може да добие и 24 часовна поддршка при толкување на податоците од страна на стручниот тим на МКБ.

За сите извозно ориентирани компании, МКБ нуди пристап до Меѓународни извештаи со бонитетни информации за повеќе од 200 милиони компании низ целиот свет.

2

Меѓународните извештаи нудат можност да се намали ризикот во соработката со сегашните и идните деловни партнери, овозможувајќи брз и ефикасен увид во деловната и финансиската способност на определена компанија и го олеснува процесот на одлучување за продолжување на соработката, односно започнување на нова соработка.

Од минатата година е воведен и Алармениот систем за известување на субјекти (АСИС), кој им овозможува на претплатените корисници да примаат e-mail пораки за состојбата и промените во податоците кои се водат за нив во кредитното биро.

Промотивно во текот на месец мај, претплатете се на АСИС на 3, 6 или 12 месеци за да бидете редовно информирани за сите промени во Вашето должничко портфолио (досие) и добијте гратис Сопствен извештај.

Повеќе информации на контакт бројот +389 (0)2 3251-291 или на веб страната www.mkb.mk.

3