Македонско – унгарски деловен форум во Скопје

28

Македонско – унгарски деловен форум се одржува денеска во Скопје. Форумот е во организација на Стопанската комора на Македонија во соработка со Унгарската амбасада во земјава и Унгарската национална трговска куќа во Скопје.

Главен акцент на Деловниот форум ќе биде ставен на можностите за соработка во областа на земјоделството и прехранбената индустрија, со цел натамошно зајакнување на соработката во оваа област, претставување на Унгарската национална трговска куќа во Скопје, чија улога е поврзување на малите и средни претпријатија од Македонија и Унгарија, која во моментов има околу 3.000 фирми членки, можностите за набавка на опрема и нови технологии и трансфер на знаења од земјоделско прехранбената дејност од Унгарија, настап на саемски манифестации во Унгарија, како и заедничко аплицирање на компании од двете земји на проекти од Програмата на ЕУ Хоризонт 2020.

На Mакедонско – унгарскиот деловен форум ќе присуствуваат Јожеф Бенце, амбасадор на Република Унгарија во земјава, Ервин Сел, економско аташе при Амбасадата на Унгарија во Македонија, Сашо Јанакиевски генерален директор на Унгарската национална трговска куќа во Скопје.