Македонско – унгарско – тајвански бизнис форум во организација ССК на Технома

24

Трилатерален Македонско – унгарско – тајвански бизнис форум ќе се одржи денеска во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) во рамки на саемот Технома 2015 година.

Бизнис делегациите од Унгарија и Тајван ги сочинуваат реномирани компании од индустрискиот сектор – производство и продажба на високо квалитетни алатки за обработка на метал, инженерство, пневматици, машини за одржување површини, пота на алати за автомобилската индустрија, како и производство на таблети, звучници, рутери, таксиметри.

Целта на форумот е остварување директни деловни контакти за креирање конкретна соработка и зголемување на продажбата на домашните производи.

Саемот се организира во соработка со Унгарската национална трговска куќа во Македонија и Тајванскиот совет за надворешен развој.