Загуба од 7.493.000 денари во 2015 година оствари акционерското друштво Макотекс, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Една година претходно, компанијата прикажа добивка во висина од 2.238.000 денари.
Вкупните приходи од продажба, што компанијата ги оствари во текот на минатата година, достигнаа ниво од 17.680.000, додека во 2014 година тие имаа салдо од 16.340.000 денари.
Макотекс е компанија чија примарна ориентација е насочена кон големопродажба, увоз – извоз на текстил и облека, магацинско работење и туризам.