Макпетрол евидентираше загуба од над 206 милиони денари

24

makpetrol

Компанијата Макпетрол првото тримесечје од оваа година го заокружи со загуба од 206.069.000 денари, покажува билансот на успех, објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, компанијата работеше со загуба од 108.083.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на Макпетрол во овој период се на ниво од 4.283.743.000 денари, од кои на домашен пазар се реализирани 4.035.585.000 денари, додека остатокот од 248.158.000 денари е реализиран на странски пазари.