Макпетрол го продаде уделот во ГА-МА

134

На 25.08.2021 преку Македонската берза за хартии од вредност АД Скопје е реализирана блок трансакцијата за продажба на акцијата, сопственост на Макпетрол АД Скопје, во ГА-МА АД Скопје, на Бладата на РСМ во согласност со Одлуката на Надзорен Одбор.

Во известувањето на „Макпетрол“ се вели дека предмет на продажба е акцијата која Макпетрол АД Скопје ја има во ГА-МА АД Скопје, а вредност на зделката во апсолутен износ е 2.015.382.127,00 денари.

Се наведува дека висината на зделката е утврдена врз основа на извршена проценка на капиталот од овластен проценител, со која се утврдува пазарната вредност. Корисници на зделката се Владата и Макпетрол АД Скопје.

Се работи за реализација на одлуката донесена уште во октомври 2019 година со која беше одобрена продажба на акцијата во сопственост на Макпетрол во ГА-МА АД Скопје на Владата по цена од 32.773.905 евра, во денарска противвредност.