Макпетрол ја намали цената на природниот гас

63

BP_MakPetrol_Struga_02Макпетрол од 1 февруари 2013 ја намали цената на природниот гас за 3,08% во однос на јануари годинава, што претставува второ намалување на цената од страна компанијата од почетокот на годинава. Со ова, вкупното намалување изнесува 19,73% во однос на декември 2012.

“Со ова се одржува  тенденцијата  за намалување на цената на природниот гас годинава. Тоа придонесе и за намалување на животните трошоци во јануари  годинава споредено  со декември минатата година”, се наведува во соопштението од „Макпетрол“.

Од компанијата велат дека со ова намалување на цената, природниот гас станува поконкурентен во однос на мазутот, а при согорување има многу пониски емисии на штетните гасови.

Макпетрол годинава ја намали и цената  на метанот за моторните возила на 49 денари за килограм.