Макпетрол ја намали загубата за четири пати

15

makpetrol

Компанијата Макпетрол оствари загуба од 34.105.000 денари во период од први јануари до 30 септември оваа година, што е четири пати пониска од претходната година, кога беше на ниво од 127.592.000 денари, покажува билансот на успех, објавен на Македонска берза.

“Компанијата на крајот од периодот јануари – септември прикажа загуба после оданочување во износ од 34,10 милиони денари и истата е четири пати помала од загубата искажана за истиот период минатата година“, стои во образложението на компанијата, објавено на Македонска берза.

Вкупните приходи од продажба се на ниво 15.387.838.000 денари, од кои на домашен пазар се реализирани 14.859.603.000 денари, додека остатокот од 528.235.000 денари се остварени на странски пазари.