Макпетрол за три месеци оствари добивка од 44,2 милиони денари

33

makpetrol-580x439

Компанијата Макпетрол, во период од први јануари до 31-ви март оваа година, прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 44.201.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истото тримесечје минатата година, компанијата оствари загуба од 206.069.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во првите три месеци од 2016 година достигнаа 3.435.613.000 денари. Од нив на домашен пазар се остварени 3.329.955.000 денари, додека на странски пазари реализирани се 105.658.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во истиот период лани беа на ниво од 4.283.743.000 денари.