Макпрогрес со рекорден извоз во октомври

23

izvozКомпанијата Макпрогрес од Виница оствари рекорден извоз во месец октомври годинава. Како што соопштуваат од компанијата, во октомври се извезени над 700 тони готови производи. Своите производи Макпрогрес ги извезува во повеќе од 40 земји ширум светот.

Од шесте производни ленти, излегуваат над 200 различни кондиторски производи. Макпрогрес постојано ја проширува својата понуда. Последниот новитет е ролатот со вкус на кајсија.