Макстил со нето добивка од 7.781.000 денари во првите три месеци од 2014

351

makstilМеталуршката фабрика Макстил оствари нето добивка по оданочување во висина од 7.781.000 денари во период од први јануари до 31-ви март оваа година, покажува Билансот на успех на компанијата.

Нето добивката по оданочување, како што покажуваат податоците, оваа година во однос на претходната бележи зголемување за 6.845.000 денари, кога истата била само 936.000 денари

Во овој период, компанијата остварила приходи од продажба во висина 868.617.000 денари, од кои на домашен пазар отпаѓаат 111.947.000 денари, додека остатокот од 756.670.000 денари е пласман на странските пазари.