Малезија затвора погони на најголемиот производител на заштитни ракавици

40

Малезија најави затворање на скоро 30 фабрики на корпорацијата Top Glove заради тестирање и карантин откако кај повеќе од 2.000 работници на најголемиот производител на гумени ракавици во светот е потврдена зараза со Ковид-19.

Малезиското мнистерство за здравство информираше за наглиот раст на бројот на заразени во погоните на Top Glove и во нивните сместувачки капацитети за работници. Од 5.767 тестирани работници, 2.453 добиле позитивен тест.

Владата објави дека во етапи ќе ги затвори 28-те фабрики на Top Glove, а минатата недела воведе 14-дневно ограничување во движењето на околу 40 километри западно од главниот град Куала Лумпур, каде се наоѓа и фабриката на Top Glove.

Од компанијата информираат дека минатата среда го запреле производството во 16 од 28 фабрки, а преостанатите 12 работат со намален капацитет.

Компанијата има 47 фабрики во Малезија, Кина, Виетнам и на Тајланд а во 36 од нив се произведуваат ракавици.

Околу две третини од гумените ракавици во светот се произведени во Малезија, а покрај Top Glove, тука се и големи производителите како Hartleg Holdings и Supermax Corp.

Фото: Freepik