Малите и средни претпријатија се новите хрватски извозници, покажува анализата на Јурица Зрнц од Хрватска народна банка, претставена на тркалезната маса на магазинот Банка, “Ги откриваме новите хрватски извозници”.
Анализата покажува дека од почетокот на кризата, малите и средни претпријатија го зголемиле, а големите го намалиле извозот, јавува ХРТ.
Малите и средни претпријатија од 2008 до 2012 година го зголемиле извозот за преку една милијарда евра, додека големите во истиот период го намалиле за повеќе 520 милиони евра. Тоа, според Зрнц, укажува дека големите претпријатија не успеале намалената домашна побарувачка да ја надоместат со поголем извоз, додека малите и средни претпријатија силно ја зголемиле продажбата на странските пазари. Таквиот резултат за него е прилично неочекуван, затоа што големите компании пред рецесијата сочинувале околу 60% од вкупниот извоз и околу 70% – 80% од извозот во преработувачката индустрија.