МАМЕИ на најголемиот индустриски саем во Хановер

39

mamei

Асоцијацијата на метална и електро индустрија МАМЕИ, од 13 до 17 април оваа година е присутна на најголемиот индустриски саем во Европа, Хановер Месе 2015, Германија.

На промотивниот штанд на СИППО – Швајцарската програма за промоција на извозот на Switzerland Global Enterprise (S-GE), МАМЕИ заедно со неколку домашни компании ги претставува капацитетите и производите на своите членки, но и капацитетите на индустријата во Македонија генерално.

“Во ова динамично време и брзи промени во индустријата, потребно е македонските компании да бидат присутни на сите големи индустриски настани во Европа. Конкуренцијата постојано се зголемува, сè повеќе компании од Азија се обидуваат да влезат на европскиот пазар, но ние сме тука за да покажеме дека компаниите од Македонија се сериозни партнери во металната и електро индустрија во Европа”, изјави Гоце Пешев, извршен директор на МАМЕИ.
Саемот во Хановер е најголемиот индустриски саем во Европа со преку 5.000 излагачи од 100 земји во светот и преку 180.000 посетители за вкупно пет дена колку што трае манифестацијата.

Овој саем е извонредна шанса огромен број на компании од целиот свет да ги видат производите и услугите на македонските компании и да се започнат бизнис контакти со нови, како и да се зајакнат контактите со веќе постоечките бизнис партнери.