Марк Цукерберг стана третиот најбогат човек на светот

34

Сопственикот на  Facebook Марк Цукерберг кој“тежи“ 81,6 милијарди долари се искачи на третото место на листата на најбогатите поединци на светот, пишува CNN.  Ова се случи откако акциите на Facebook пораснаа за нови 2,4% , што претставува скок од цели 15% од почетокот на годината.

За прв пат по подолго време тројцата најбогати луѓе на светот се живи и доаѓаат од светот на технологијата. На прво место е сопственикот на Amazon, Џеф Безос со лично богатство од 141 милијарда долари, а потоа следат основачот на Microsoft Бил Гејтс и првиот човек на Facebook, Марк Цукерберг.

Иако Berkshire Hathaway на Ворен Бафет купи акции во Apple во вредност од 75 милиони долари, сепак американскиот бизнисмен и филантроп заостанува зад Цукерберг на листата “најбогати“ за 373 милиони долари.

Фото: Facebook