Маркетинг тактики на големите брендови

299

Доколку немате идеи за маркетинг стратегија, еве неколку што ги користат големите компании и навистина функционираат.

Раскажете приказна

Големите брендови креираат приказни. Тие ја сфатиле моќта на раскажувањето приказни при градењето на конекции. Кога ќе развиете емоционална поврзаност помеѓу клиентите и вашиот бренд, успехот сам ќе си дојде.

Издвојте се од другите

Најдете една причина зошто сте поразлични од конкуренцијата и искористете ја. Потенцирајте ја и вклопете ја во секоја приказна. Не може да бидете конкурентни на пазарот доколку не понудите нешто иновативно и интересно.

Персонализирајте го вашиот маркетинг

Со децении, големите бизниси користеле персонализиран маркетинг за да им дадат на корисниците насочени пораки. Овие техники можете да ги инкорпорирате во вашата мапа за развој на карактеристики или да употребите некоја поедноставна техника по ваш избор.

Рекламирајте се на традиционални медиуми

Многу големи компании не користат дигитални медиуми, туку традиционални, како радио и телевзија. Овие тактики се сè уште многу ефективни, но често прескокнати од компаниите во последните години.

Најдете заштитно лице

Најдете заштитно лице за вашиот бренд, кое ќе ја раскаже вашата приказна. Направете повеќе кратки видеа што ќе ги постирате на социјалните медиуми. Ова ќе привлече повеќе клиенти отколку стандардниот маркетинг.

Фото: Pexels