Маркетинг во регионот: Трендови што ќе ја одбележат 2016 година

80

marketing

Персонализација на содржината, маркетинг во реално време, мобилен маркетинг, онлајн комуникација и видео маркетинг се клучните трендови што ќе ја одбележат 2016 година, покажа истражувањето на порталот Маркетинг мрежа, спроведено во соработка со агенцијата Masmi Белград.

Истражувањето е спроведено на примерок од 275 професионалци од шест држави во регионот, експерти од областа на маркетингот и односи со јавноста, вработени во агенции и компании. Резултатите се претставени на вториот регионален форум на лидери за комуникации, Izazov 2016, што се одржа во Белград, Србија, во организација на Маркетинг мрежа.

Испитаниците оцениле дека најголеми предизвици со кои ќе се соочат во 2016 година се намален буџет (36%), нестручен кадар (31%), како и персонализација на содржината, content и realtime маркетинг.

За состојбата на маркетинг пазарот, зборуваа претставници од агенции од Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, БиХ и Македонија.