Маск купи Dogecoin за својот син, по една минута скокна цената на криптовалутата

134

Нешто што започна како шега и пародија на тема криптовалути инспирирано од смешното интернет “меме“, прерасна во вистинска криптовалута, а откако оваа валута стана тема на твитовите на Илон Маск, нејзината вредност скокна.

Првиот човек на Теsla повторно ја зголеми цената на дигиталната валута Dogecoin откако тој рече дека купил одредена сума на оваа валута за неговиот деветмесечен син X Æ A-Xii.

“Купив Dogecoin за малиот X, за да може да биде бебе акционер“, напиша тој на Тwitter.

Цената на валутата започна да скока една минута по неговиот твит. Вредноста скокна за 4% на 7,5 центи за само еден ден.

Маск не откри колку од оваа валута купил на својот син и дали тој поседува Dogecoin.

Фото: Facebook