
Корисниците на X, порано Твитер, наскоро ќе можат да остваруваат аудио и видео повици онлајн, најави милијардерот Илон Маск.
Функцијата ќе биде достапна за корисниците на паметни телефони со Android и iPhone, а ќе биде достапна и на компјутери. Платформата X ќе биде како голем телефонски именик, напиша нејзиниот сопственик.
Најавата, според француската новинска агенција АФП, следи по најавата на Маск дека X ќе стане се-во-едно апликација. Овие се особено популарни во Кина, каде што, на пример, корисниците ја користат апликацијата WeChat и за разговори и за трансакции со пари.
Со воведување видео и аудио повици, Маск ќе влезе на пазар каде конкуренцијата е веќе голема.











