Маск планира да се шири во Европа

31

Американскиот производител на електрични возила, Tesla планира да се шири во Европа со модел на компактен автомобил што ќе биде наменет за масовна употреба, рече Илон Маск.

“Најверојатно во Европа би имало смисла да се прави компактен автомобил, можеби hatchback или нешто слично“, рекол Маск.

Тој низ Берлин возел Model X што е долг пет метри, па му било тешко да најде соодветен паркинг.

“Во САД најчесто автомобилите се поголеми, бидејќи Американците сакаат поголеми возила, додека во Европа се помали“, рекол Маск, додавајќи дека Берлин имал проблем со паркирањето.

“Возев Model X низ Берлин и имав голем проблем да најдам паркинг место каде што ќе може да ја оставам колата“, рекол Маск.

Американскиот производител на автомобил во понудата има четири модели, но сите негови возила се за десетина сантиметри подолг од Golf на Volkswagen, што важи за европска референца за компактен автомобил.

Фото: Instagram