Маск се сели од Калифорнија

33

Милијардерот од Силиконската долина, Илон Маск изјави дека се преселил од Калифорнија во Тексас, со образложение дека сака повеќе да се посвети на новата фабрика за електрични возила на Tesla и на вселенскиот оддел во SpaceX.

“Двете работи на коишто сум посветен се развој на Starship во Јужен Тексас и новата голема фабрика на Tesla“, рекол 49-годишниот милијардер за Wall Street Journal.

Тексас би можел да значи и даночно олеснување за вториот најбогат човек во светот. Во таа американска држава не се плаќа данок на доход, додека во Калифорнија е една од највисоките даночни стапки во САД.

Скокот на вредноста на акциите на Tesla за повеќе од 670% го зголеми богатството од 27 на 155 милијарди долари, веднаш зад основачот на Amazon, Џеф Безос.

Фото: Instagram