Маск заработи милијарди од продажба на акции на Tesla – како ќе ги потроши?

102

Извршниот директор на Tesla, Елон Маск, заработи милијарди долари во неодамнешната продажба на акции. Што ќе прави со тие пари?

Според CNN, најверојатно дел од парите ќе ги вложи во својата компанија за вселенски патувања Space X. Тој е и директор и сопственик на контролни акции во оваа компанија.

Од 16,4 милијарди долари што ги заработи од 8 ноември со продажба на акции, 11 милијарди долари ќе треба да се издвојат за плаќање федерални даноци.

Исто така, веројатно е дека ќе мора да плати две милијарди даноци во Калифорнија, каде што е седиштето на Tesla. Така ќе му останат три милијарди долари.

Маск одлучи да ги продаде акциите во време кога Tesla се справува одлично. Таа стана шестата компанија во историјата која вреди повеќе од трилион долари, што го прави нејзиниот директор најбогатиот човек на светот.

Во меѓувреме, неговиот Space X собира стотици милиони долари во готовина за да ги финансира амбициозните цели. Продажбата на акциите дополнително ја зголемува можноста за нивна реализација, пренесе CNN.