Матијас Милер назначен за нов директор на Volkswagen

23

matijas miler

Матијас Милер е назначен за нов директор на најголемиот светски производител на автомобили Volkswagen, којшто е во центар на вниманието на светската јавност поради големиот скандал, пишува BBC.

Тој ја наследи оваа позиција од неговиот претходник Мартин Винтеркорн, којшто поднесе оставка минатата недела.

Неговата најважна задача ќе биде да ја врати довербата од јавноста за целата Групација. Новиот директор на Volkswagen ќе инсистира на поголема транспарентност, како и изготвување на соодветни заклучоци на моментално настанатата ситуација поради скандалот со мерењето на емисијата на штетни гасови на дизел возилата во САД.