Мажите заработуваат 100 евра повеќе од жените во Црна Гора

11

Просечната бруто заработувачка на жените во Црна Гора на крајот на септември минатата година била 659 евра, што е за 100 евра помалку во однос на платите на мажите, покажуваат податоците на Монстат. Воедно жените заработиле под просекот во Црна Гора, кој изнесува 712 евра.

Според најновата публикација Жените и мажите во Црна Гора, најголеми просечни заработки на крајот на септември минатата година имале жените вработени во секторот на финансиско посредување, околу 1.180 евра. Но, нивните колеги имале за 112 евра поголема заработка. И во државната управа и социјалното осигурување жените имаат пониска плата од мажите, која изнесувала просечно 712 евра.

Сектори во кои жените заработуваат повеќе од мажите се земјоделие, градежништво, работи со недвижности и сообраќај.

Процентот на сопственички на фирми во Црна Гора е мал, 9,6%, додека на пример, во Австрија е 33,9%, во Бугарија 37,7%, Естонија 35%.

Најголем број вработени мажи и жени има во услужните дејности, а најмала вработеност има во секторот на недвижности.