McDonald’s продава специјален сос за Big Mac преку eBay

68

big mac ebay

Познатиот синџир на ресторани за брза храна McDonald’s, за прв пат го става на продажба специјалниот сос за подготовка на препознатливиот Big Mac во лимитирано издание на eBay, каде што досега достигна цена од 23.100 долари, пишува Гардијан.

Шишето од 500 милилитри сос официјално е достапно во Австралија, а преку eBay ќе може да се купат вкупно 200 парчиња. “Тајниот сос“ може да се порача од било кое место во светот, но формално се продаваат само во Австралија. Она што е карактеристично за McDonald’s рестораните на овој континент се пакувањата од 25 милилитри од овој сос.

Иако состојките за овој сос (сенф, кромид, лук, посебен мајонез и кисели краставички) се познати, она што е мистерија сите овие години е нивниот сооднос.