Медицинска сестра од Њујорк прва во САД ја прими вакцината против коронавирусот

53

Медицинска сестра од Њујорк е прва во понеделник која примила вакцина против коронавирусот во САД, земја којашто е силно погодена од пандемијата.

Сандра Линсеј, која е специјализирана за интензивна нега на болни лица, е вакцинирана во медицински центар на Лонг Ајленд.

“Добро се чувствувам. Не почувствував никаква разлика во однос на другите вакцини“, изјави таа.

Оваа вакцина го означи почетокот на масовната кампања низ земјата во којашто е силно раширена пандемијата, што неретко одзема и по 2.500 човечки животи и над 16 милиони заразени.

Фото: Freepik