Медобил – бренд инспириран од лично животно искуство што успешно трае веќе 20 години

927
Наталија Ангелиус, сопственик на Медобил

Брзиот начин на живот си носи свои ризици и последици. Честопати немаме време, не можеме и не се грижиме доволно за здравјето од (не)оправдани причини. За тоа колку е важно да се препознаат и консумираат вистинските производи денес на пазарот разговаравме со сопственичката на Медобил, Наталија Ангелиус.

БИ: Постоите повеќе од 15 години на пазарот. Медобил е познато име, но многумина не знаат за почетоците на компанијата. Како започнавте и која беше првичната идеја за еден ваков бизнис?

Брендот Медобил постои точно 20 години на пазарот. Идејата е поттикната од моето животно искуство и традицијата на мојата фамилија во одгледување пчели и пчелни производи. Кога велам животно искуство, мислам на самото мое детство. Бев премногу слабо дете, речиси анорексично, јадев многу малку, а бев хиперактивна. Моите родители во страв за моето здравје секојдневно ми даваа мед во комбинација со прополис, билки, матичен млеч и покрај тоа што не јадев ништо, јас сепак бев беспрекорно здраво дете. Така беше и во тинејџерските денови, па ова искуство го споделував и со сите другарки кои се мачеа со килограмите. После гимназијата се одлучив за студии по диететика и нутриционизам, бидејќи до мои 18 години сите теми на разговор ми беа околу витката линија и исхраната. На мои неполни 20 години основав фирма и отворив салон за слабеење во кој, покрај апаратурата, на клиентките им изготвував и производи на база на мед. За многу кратко време, интересот за истите стана многу голем и не можев да постигнам. Иако премногу млада, се одлучив да создадам сопствен производ, бидејќи многу верував во неговиот квалитет и делотворност. И, ете, од тогаш до сега, таа моја верба го постави во најбараните препарати за слабеење. Останатото е историја, која можете да ја прочитате на нашиот веб-сајт medobil.com во делот за повеќе инфо за Медобил Груп.

БИ: Производите врз база на матичен млеч се препознатливи по својата ефикасност. Што всушност е матичниот млеч и кои други состојки се составен дел од вашето портфолио?

За матичниот млеч ќе наведеме само еден пример кој многу говори: тој е храна на пчелата матица. Пчелата – работничка живее најмногу 36 дена, а матицата од седум до девет години. Покрај матичниот млеч, во голем дел од нашите производи се застапени медот, прополисот и десетици билки и билни екстракти.

БИ: Од чаеви до разни креми и лосиони. Вашата палета на производи нуди многу опции. Што најмногу се бара и дали купувачите бараат ваша препорака при изборот?

Најбарани и најпродавани се нашите производи за слабеење и корекција на целулитот, пред сѐ Медобил Слимси и Медобил Голд, со оглед на тоа што дебелината е еден најчестите здравствени проблеми на денешницата. Потоа, следуваат природниот тоник Актив Лајф, чијшто пропратен медицински ефект е регулирање на крвниот притисок, намалување на ЛДЛ лошиот холестерол во крвта, намалување на мастите во крвта, детоксицирање на целиот организам и подобрување на општата имуно-биолошка состојба; препаратите за третман на хемороиди (билен микс и маст) и билниот микс против болки при менструален циклус. Купувачите генерално се информираат самите за производите консултирајќи го нашиот веб-сајт medobil.com. Сепак, неретко нѐ контактираат по електронски и телефонски пат како би го избрале вистинскиот производ за нивните потреби во контекст на предизвиците и проблемите со кои се соочуваат. Оттука, за нас е особено важно да негуваме индивидуален пристап во нашата работа, како би се осигурале дека сите прашања се соодветно адресирани од наша страна, а купувачите задоволни од услугата и нарачаните производи.

БИ: На вашиот веб-сајт може да се прочитаат и разни совети за здравје, нега и убавина. Дали Медобил соработува со стручни лица и други компании за испорака на што поквалитетни производи и совети?

Советите и препораките во текстовите достапни на нашиот веб-сајт во делот на магазинот се црпат од нашето досегашно искуство со клиентите, како и знаењето кое го поседува стручниот тим кој стои зад брендот Медобил, и воедно водејќи се од кредибилни извори за и литература од проблематиката која се обработува.

За производство на одреден дел од нашиот асортиман на производи, Медобил соработува со надворешни стручни лица и други компании чија експертиза и високи стандарди го гарантираат квалитетот на испорачаните производи.

БИ: Дали сте присутни и на други пазари надвор од Македонија?

Медобил, покрај на македонскиот, е присутен и на пазарите во Косово и Албанија преку свои дистрибутери, а во блиска иднина планираме да го отвориме нашиот веб-сајт за нарачки од земјите од регионот (бившите југословенски републики).

БИ: Денес сме преплавени со разно разни препарати на природна база. Колку е тоа така, обичниот купувач не може да процени. По што Медобил се разликува од конкуренцијата и како можеме да препознаеме кога станува збор за природен производ без адитиви?

Медобил од самото свое основање до ден денешен изработува производи на природна база, затоа и сме познати по слоганот: во соработка со пчелите и природата, за ваше здравје, виткост и убавина. Во нашата фабрика се работи со индустриски машини кои се сертифицирани за овој тип на работа по највисоки стандарди. После одредени процеси на селекција и класификација на ресурсите, пристапуваме кон хомогенизација на истите, при што во бавен, но квалитетен процес ги спојуваме еден со друг сѐ додека не добиеме синергичен продукт, без притоа да се користат адитиви, конзерванси, емулгатори, вештачки сврзувачи, бои или ароми. Затоа, може да се случи при поголема побарувачка да снемаме на лагер, бидејќи самиот процес, како што споменав, бара многу време за да биде реализиран. Но, затоа пак квалитетот ни е ненадминлив и бесконкурентен.

Производителите се должни да го наведат составот на производот на самата декларација на пакувањето, а консументите можат да го прочитаат како би се осигурале дека не содржи, пред сѐ, емулгатори (кои се најштетни) и останати состојки кои може негативно да се рефлектираат врз човечкото здравје.

БИ: Неодамна освоивте и награда за вашиот квалитет. За што станува збор?

Да, во октомври минатата година мојата истрајност и неуморна работа во Медобил беше наградена од организацијата Дама Године, од Белград, каде бев прогласена за најуспешна жена -менаџер од Македонија за посебен придонес со творештво, истрајност и реализација од областа на бизнисот и индустријата.

БИ: Дали подготвувате нешто ново за на пазарот и кога можат купувачите да го очекуваат тоа?

Ние веруваме дека најголемиот успех при секое држење диета не е само да ги намалите килограмите, туку и да го сочувате здравјето. Па така, неодамна го пуштивме во продажба сетот 100% производи за слабеење Медобил Слимси со кој консументите можат да ослабат од 10 до 15 килограми за само 30 дена.

Во сетот се вклучени билен микс за слабеење кој се пие половина час после оброците појадок и ручек (кои, патем, ги земате нормално, без селекција на храната) и препарат за слабеење на база на мед, во чиј состав влегува и спирулина, а кој се консумира исклучиво како замена за оброкот вечера.

Оние кои сѐ уште се двоумат и прашуваат себеси дали се дебели, дали е дојдено вистинското време да се стават на слабеење и која е идеалната телесна тежина за нив, им препорачуваме да го консултираат нашиот калкулатор на индекс на телесна маса изработен според класификацијата од СЗО и да ги дознаат одговорите на овие прашања, посетувајќи го линкот bmi.medobil.com.

Во тек се последните опити и тестирања на производи кои се наменети за женската популација, и кои ќе бидат составени од препарат, чај и тоник. Според индицираноста од составот, кој ќе биде 100% природен, ќе имаат превентивно дејство кај дисминореичните тегоби (болки при циклусен период), миоми и цисти. Самиот сет, според намената, ќе биде и насловен Медобил Фемина.

Се доусовршува и формулата на веќе постоечкиот сет наменет за превенција кај хемороидалната проблематика, исто така составен од чај, препарат и мелем, секако на природна база. Летото се надевам ќе го дочекаме спремни и со доусовршена линија од неколку производи за корекција и третман на целулитот.

Бидејќи Медобил е дел од мојот животен стил и секојдневие цели 20 години, секоја наредна година ќе биде збогатена со нови производи кои ќе одговорат на потребите на нашите консументи кои, пак, се основа за мојата креативност и иновативност.