Во Русија почнува реализацијата на најголемиот проект, изградба на автопат Москва – Нижни Новгород – Казањ.
Тоа е дел од меѓународниот мегапроект Европа – Западна Кина, којшто се реализира во соработка со неколку земји: Русија, Казахстан, Белорусија и Кина. На средбата премиерот на Руската Федерација, Михаил Мишустин изјави дека овој проект “има посебно значење за целиот евроазиски простор“.
Должината на автопатот е 8.500 километри. Повеќе од 2.000 од нив се на руската територија, пренесува Спутник.
Од Казањ до Москва ќе се патува 6,5 часа со брзина од 130 километри на час.
Сега има два патишта од Европа до Кина кои се долги. Потребни се околу две недели да се патува со воз, а скоро 1,5 месеци по море.
Автопатот Западна Европа – Западна Кина започнува во Санкт Петербург и води низ Москва – Нижни Новгород – Казањ – Оренбург, а потоа преку територијата на Казахстан и Кина до градот Лијанјунг, на брегот на Жолтото Море. Должината на трасата е 8.445 километри.
“Новиот пат на свилата“ ќе го скрати патувањето со автомобил на 10 дена.