Meggle од Хрватска се сели во Србија и БиХ?

59

Откако фабриката за млечни производи Meggle Хрватска соопшти дека до крајот на годината ќе го затвори производството во Осијек, по што 160 лица ќе останат без работа, во хрватските медиуми се појавила информација дека производството ќе биде преселно во Србија и Босна и Херцеговина, пишува Танјуг.

Жупанот на Славонија, Иван Анушиќ рекол дека во соопштението што го издала компанијата е изоставена информацијата дека производството се сели во Бихаќ и Крагуевац.

“Причините се многу едноставни: поевтин начин на работа и можеби поедноставен начин на функционирање. Во овој момент немам такви информации, но претпоставувам, со оглед на тоа што производството се сели во тие две земји“, рекол Анушиќ.

Во соопштението се наведува дека Meggle group, со седиште во Германија, го спроведува процесот на оптимизирање на целиот бизнис, со цел поставување долгорочни одржливи деловни модели на сите пазари.

Како што e најавено, Meggle ќе работи преку новиот деловен модел на хрватскиот пазар од први јануари 2021 година и ќе обезбеди квалитетна отпремнина и услови за раскинување на договорите за вработување преку социјален дијалог со вработените и сите релевантни тела.

Фото: Facebook