Меѓународниот патнички авиосообраќај се намали за 89% во февруари

29

Меѓународниот патнички авиосообраќај се намали за 89% во февруари во споредба со истиот период лани, бидејќи повторно е забележан пораст на заразени со коронавирусот, соопшти Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај (International Air Transport Association – IATA), пренесува Ројтерс.

“Меѓународниот патнички авиосообраќај се намали за скоро 89% и не покажува знаци на закрепнување во актуелното окружување“, изјави новиот генерален директор на IATA, Вили Волш.

Тој смета дека би требало да остане оптимистични, бидејќи, како вели, втората половина од годината е подобра од првата. Порачува и дека треба да има оптимизам и кога станува збор за европската сезона на летни одмори.

Волш ги повикува регулаторните тела да интервенираат за да се спречи монополистичко ценовно однесување на аеродромите, бидејќи некои аеродроми се однесуваат како монополи кон авиокомпаниите.

Фото: Pixabay