Мексико е најголем извозник на овој зеленчук во светот

147

Минатата година во светот е извезен аспарагус во висина од 1,4 милијарди долари, што е за 3,6% повеќе во однос на 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.

Најголем удел во извозот има Мексико со 33,5% или 460,3 милиони долари. Зад него се најдоа: Перу (394 милиони долари), САД (163,5 милиони долари), Холандија (95,4 милиони долари) и Шпанија (80,3 милиони долари).

Меѓу 15-те земји што се најголеми извозници на аспарагус во светот, од регионот ја има само Грција со 13,7 милиони долари.

Фото: Freepik